Фабиус: Пропаднаа обидите за примирје меѓу Израел и Хамас

Од:

Обидите за прекин на огнот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас пропаднаа, изјави францускиот министер Лоран Фабиус, по неговиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Натанјаху во Ерусалим.

Фабиус синоќа допатува во Израел по неговите посети на Египет и Јордан, во време на дополнителна ескалција на тензиите меѓу Израел и Палестинците.

– Со жалење треба да соопштам дека повиците за пркин на огнот не беа слушнати. Постои ризик од уште повеќе цивилни жртви што дополнително не вознемирува, изјави Фабиус.

Во меѓу време, Хамас соопшти дека на Египет, Катар, Турција, Арапската лига и на палестинскиот претседател Махмуд Абас му предал листа со услови за прифаќање на прекин на огнот со Израел.

– Хамас им ги достави барањата на палестинскиот отпор на сите заинтересирани страни, изјави портпаролот на Хамас, Фавзи Бархум.

Хамас бара ставање крај на „агресијта врз палестинскиот народ“, укинување на израелската блокада на Појасот Газа, отворање на граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет, слобода на движње на жителите на Газа во израелските погранични реони, укинување на тампон зоната меѓу Газа и Израел, проширување на зоната за риболов на 12 наутички милји од бреговите на Газа и ослобидување на Палестинците кои беа повторно упасени, откако претходно беа пуштени од затвор врз основа на договорот за ослободување на киднапираниот израелски војник Гилад Шалит.

Само за два дена, од старот на израелската копнена опрација во Газа во четвртокот вечерта, загинаа над 110 Палестинци, а од почетокот на ескалацијата на конфликтот пред две недели животите ги загубија вкупно 340 лица, меѓу кои и 76 деца и 36 жени, додека над 2.500 луѓе беа ранети.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно