Фабиус: На Русија и се закануваат нови санкции доколку сепаратистите го нападнат Мариупољ

Од:

Европската унија може да воведе нови санкции кон Русија, доколку проруските сепаратисти го нападнат украинското пристаниште Мариупољ, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус.

– Проблемот сега е конкретно околу Мариупољ. Ние јасно им даваме до знаење на Русите дека доколку има сепаратистички напад во насока на Мароупољ, работите драстично ќе се изменат, вклучувајќи ги санкциите, рече Фабиус.

– Прашањето за санкции може повторно да биде покренати на европско ниво, додаде тој.

Фабиус вчера во Париз се сретна со своите колеги од Русија, Украина и Германија, при што тие повторно упатија апел за почитување на често пати нарушуваната спогодба за прекин на огнот.

По средбата украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин изрази стравување дека Мариупољ може да биде следната голема цел на бунтовниците.

Преземањето на градот, кој има 500 илјади жители, може да отвори коридор кон југ, вклучувајќи и кон Кримскиот Полуостров, кој веќе е анектиран од Русија.

Фабиус истакна дека Франција не планира да му доставува оружје на Киев и оти засега не планира да испраќа воени инструктори во Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР