Бројот на инвеститори кои што веруваат дека една држава може наскоро да ја напушти еврозоната е намалан за две третини.
Објавеното истражување покажува дека тоа се случило година дена по ветувањето на претседателот на Европската централна банка, Мариј Драгиј, дека ќе ја штити единствената валута.
Резултатите од анкетата, која што ја спроведе истражувачката групација „Сентикс“, а во која учествуваа 888 инвеститори, покажа дека 23, 75 проценти од испитаниците очекуваат барем една членка да ја напушти еврозоната наредната година.
Елена Георгиевска