Европските синдикати бараат заштита од токсични испарувања во авионите

Од:

Европската конфедерација на синдикати и работниците во авионскиот сектор бараат итно да се имплементира директивата на ЕУ за безбедност на кабините, јави дописничката на МИА од Брисел.

ЕУ директивата предвидува подобрување на стандардот и квалитетот на воздухот во авионските кабини со што се заштитува здравјето на патниците како и на персоналот во авионите.

Денеска синдикатите во Европа заедно со работниците и експертите во воздухопловството ја повикаа авионската индустрија да ја почитува и примени оваа директива на ЕУ и да ги следи препораките за да се спречи вдишување на штетни испарувања, преку подобрување на дизајнот и одржување на авионите. Овие препораки, велат експертите, се клучни за да се намалат последиците од токсични испарувања кои се случуваат кога вентилацијата во авионите е контаминирана од високо ниво на загреано моторно масло и чад од хидраулични течности.

Потребно е, меѓу другото, да се инсталираат соодветни филтри за да се отстранат испарувањата од вентилацијата додека не се појави нова технологија. Се бара да се инсталираат и хемиски сензори кои ќе ги информираат пилотите и останатите од екипажот со каква контаминација се соочува кабината и од каде доаѓа. Екипажот исто така треба да биде добро обучен за овој ризик и поефикасно да се следат последиците по здравјето и безбедноста.

Како што потсетуваат синдикатите досега Агенцијата за воздухопловна безбедност не подготвила регулатива по ова прашање, за разлика од Европскиот комитет за стандардизација, каде членуваат синдикатите.

-Екипажот и патниците очекуваат од авиокомпаниите да ги следат највисоките стандарди на безбедност, но знаеме дека тоа за сега не е случај со хемиските испарувања, изјави Изабел Шоман од Конфедерацијата на европски синдикати, додавајќи дека авиокомпаниите имаат одговорност да ги имплементираат препораките како дел од нивните обврски кон вработените во авионите и кон патниците.

Синдикатите потсетуваат дека екипажот е редовно соочен со контаминиран воздух од моторно масло што го загрозува нивното здравје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ