Европските народни партии со победа на изборите за Европарламент

Од:

Европските народни партии (ЕПП) продолжуваат да бидат најбројна партија во Европскиот парламент, јавува дописникот на МИА од Брисел. Доцна синоќа, прес-службата на Европарламентот ги објави првите неофицијални резултати, врз база на излезноста во 28-те земји-членки на Европската унија, според кои ЕПП освои 211 европратеници, Алијансата на социјалистите и демократите 193, Алијансата на либерал-демократите (АЛДЕ) е со 74 места во ЕП, „зелените“ имаат 58 европратеници, Европските конзервативци и реформисти 39, европската левица (ГУЕ/НГЛ) 47, Партијата Европа за слобода и демократија (ЕФД) 33, а независни пратеници се очекува да има 40 и дури 56 неповрзани пратеници, што се всушност припадниците на крајно десничарските партии и неофашистите како „Златна зора“.

Веднаш по објавувањето на овие првични резултати, со официјални изјави најпрво се јавија главните кандидати за претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на ЕПП и Мартин Шулц на социјал-дмеократите. Поранешниот премиер на Луксембург истакна дека победата на европските дмеохристијани е јасна и дека тој ќе биде идниот претседател на Еврокомисијата, додека сегашнито челник на Европскиот парламент, Шулц, посочи дека и тој се уште има шанси да застане на чело на неформалната Влада на Европската унија.

Веднаш по нив, со изјави се јавија претседателите на ЕПП, Жозеф Дол и на Партијата на европските социјалисти и демократи, Ханес Свобода. Според Дол, победата на ЕПП, иако е за дури 64 пратеници помалку од претходнио состав на Европарламентот, сепак е јасна и оваа партија треба да го даде идниот челник на Европската комисија. Но, Свобода посочи дека за Јункер да биде избран на чело на ЕК, 376 пратеници во Европарламентот треба да го дадат гласот за него, а во моментов без договори и коалиции тоа не е можно.

– Ние не сакаме и нема да создаваме голема коалиција со ЕПП. Ќе бидеме силна опозиција во парламентот и Јункер ќе мора да го слушне и нашиот глас, а тоа е пред се барањето за помалку штедење во Европа во иднина, со цел да стане претседател на Еврокомисијата. Не е спорно дека тој може и треба да го заземе местото на Жозе Мануел Барозо, но чуди тоа што самиот Јункер се двоуми и во еден момент сака да ја превземе Комисијата, а во друг да стане претседател на Европскиот совет? – запраша на крајот Ханес Свобода.

Иако останува да се дознаат официјалните резултати од изборите за Европскито парламент, сепак е јасно дека до конститутивната седница закажана за 1 јули во Стразбур, партиите ќе мора да коалицираат и да се договорат, како за тоа кој ќе ја води Еврокомисијата, така и за идниот претседател на Европскиот парламент. Засега, единствено е познато дека излезноста на овие избори на ниво на ЕУ беше 43,1 проценти и дека веќе во вторник, на неформален состанок на шефовите на државите и владите на земјите-членки на Унијата во Европскиот совет, ќе почнат првите консултации за идниот состав на Колеџот на комесари и нивниот предводник

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија