Европскиот Парламент планира да формира сопствен центар за вакцинација против коронавирус во седиштето во Брисел.
Според австриската агенција АПА, пратениците и граѓаните може да се вакцинираат во тој центар.
Белгиските здравствени власти играат голема улога во планирањето на центарот.
Деталите сè уште се подготвуваат, а вакцинацијата, според неофицијални податоци, може да започне во март или април.
Европскиот парламент нема да го постави списокот на приоритетна вакцинација врз основа на функцијата, туку врз основа на припадност кон ризични групи.