Европскиот парламент ќе препорача почеток на втората фаза од преговорите за Брегзит

Од:

Главниот преговарач на Европарламентот за Брегизт, Ги Верхофстад соопшти дека Европскиот парламент ќе препорача на Европскиот совет да донесе одлука за одобрување на втората фаза од преговорите за истапување на Велика Британија од ЕУ. Втората фаза се однесува на идните трговски односи меѓу двете страни.

Утрово Европската комисија соопшти дека е постигнат доволен напредок во првата фаза од преговорите за излез на Британија од ЕУ.

На почеокот на лесната недела се очекува Европарламентот да усови резолуција со препорака за почеток на трговските преговори со Лондон, по што конечната одлука треба да ја донесат лидерите на ЕУ на Самитот на 14 и 15 декември.

Пратениците од групата на Европската народна партија (ЕПП), претходно најавија дека нема да дозволат воведување на преоден период по истапувањето на Велика Британија од ЕУ, доколку нема задоволителни резултати од втората фаза на преговорите.

Социјалистите и демократите (СД) ја поддржуваат идејата за преоден период, сметајќи дека тоа е прагматично решение.

Би можело да ве интересира

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он