Европски активисти бранат полска шума качени на дрвја

Од:

Активисти за заштита на животната средина се качиле на дрвја во древната полска шума Бјаловешка и ги блокирале машините со цел да ја спречат илегалната сеча, одобрена од полската Влада.

Активистите, како што јавуваат полските медиуми, ја обвинуваат Варшава дека ги игнорира налозите на Европската унија за заштита на една од последните европски шуми.

– Активисти од сите краеви на Европа дојдоа да протестираат против уништување на нашето заедничко наследство и бараат нејзина заштита, изјави Роберт Циглички, претставник на организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“.

Бјаловешката шума е последната европска прашума, која се наоѓа на листата на УНЕСКО, а стана предмет на жесток политички спор откако владејачката полска Партија на правото и правдата наложи нејзина сеча. Според полските власти сечата на прашумата е неопходна за да се спречи нејзино уништување по наездата на штетни инсекти.

Европскиот суд на правдата минатиот месец побара од полската Влада да ја запре сечата на прашумата, но властите во Варшава се спротивставија на оваа наредба.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад