Европската унија ќе продолжи да ги финансира палестинските невладини организации

Од:

ЕУ оцени дека обвинувањата на Израел против низа палестински невладини организации не се издржани, и ќе продолжи да ги финансира, јави дописничката на МИА од Брисел.

Израел обвини повеќе палестинските невладини организации дека биле „терористички“ организации. Во некои од нив се извршени полициски упади од страна на израелските власти, а Тел Авив обвинува дека организациите ги злоупотребуваат ЕУ фондовите што ги добиваат и бараат од ЕУ да престане да ги финансира.

На денешниот редовен брифинг во Европската Комисија, портпаролката Набила Масрали изјави дека ЕУ не нашла докази за обвинувањата на израелската држава.

-Палестинските граѓански организации играат важна и суштинска улога, изјави Масрали, и додаде дека обвинувањата на израелските власти дека палестинските организации злоупотребувале ЕУ фондови не се издржани.

ЕУ ќе продолжи да ги поддржува граѓанските организации.

-Тие играат улога во промоцијата на меѓународното права, човековите права и вредности, рече Масрали, додавајќи дека поддршката на ЕУ за овие организации е во согласност со меѓународното право како и клучен елемент во делот на поддршката на ЕУ за решението со две држави помеѓу Израел и Палестина.

Извор; МИА

Би можело да ве интересира

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Пристигнаа реакциите на клучните играчи од ЕУ по пресвртот на Трамп

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

Европската унија спреми прв одговор за Трамп, објавени детали

Катерина Ѓуровски