Европската унија ќе чека објаснување, ако треба експресно ќе одговори на царините на Трамп

Од:

Европската комисија и Обединетото Кралство најавија дека чекаат појаснување за најавените нови царини на американскиот претседател Доналд Трамп за да можат да реагираат.

Европската комисија соопшти дека ќе реагира за да ги заштити интересите на ЕУ по најавата на Трамп за претстојните царини за металите, но рече дека нема да одговори додека не добие детално или писмено објаснување за мерките.

Трамп вчера изјави дека ќе воведе нови царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД. „ЕУ не гледа оправдување за воведување царини за нејзиниот извоз. Ќе реагираме за да ги заштитиме интересите на европските компании, работници и потрошувачи од неоправдани мерки“, се вели во соопштението на Комисијата.

Велика Британија ќе мора да „почека и да види“ дали се разјаснети заканите на Трамп за воведување царини за целиот увоз на челик и алуминиум во Соединетите држави, изјави секретарот за внатрешни работи, Ангела Игл. За коментарите на Трамп, Игл рече дека владата ќе мора „да почека и да види дали претседателот е поконкретен за тоа што сакал да каже со тој коментар“.

„Имаме многу урамнотежени трговски односи со САД – мислам дека трговијата меѓу нашите земји вреди 372 милијарди долари – и мислам дека е во наш најдобар интерес како долгогодишни сојузници да продолжиме со таа избалансирана трговија“, рече таа.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД преместија голем контингент воени авиони и транспортни авиони во Карибите

Записите од 2020 година покажуваат дека Трамп бил во најмалку осум летови на Епстин

Трамп: Ќе ја задржиме запленетата нафта, исто и бродовите

Објави ги сите документи на Епстин, му порача Бил Клинтон на Трамп

Трамп ќе назначи нов американски амбасадор во Македонија

Горан Наумовски

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд: Островот е важен за нашата национална безбедност