ВИДЕО: Трамп го потпиша законот за новите санкции за Русија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша законот со пакет нови, сеопфатни санкции против Русија, кој претходно беше одобрен од Конгресот, соопшти Белата куќа.

Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот, а целта е да се зголеми притисокот врз Русија поради војната во Украина.

Покрај директните санкции насочени кон руски политичари и компании, законот предвидува и мерки против рускиот извоз на нафта и гас, од кој Москва ги финансира воените активности.

Законот, меѓу другото, му овозможува на Трамп да воведе санкции за петте најголеми купувачи на руски енергенси, како и за петте земји кои најмногу ѝ помагаат на Русија во заобиколувањето на енергетските санкции.

Овие мерки би можеле дополнително да ги заострат трговските односи на САД со Кина и Индија, кои увезуваат големи количества руска нафта.

Законот го носи името на покојниот американски сенатор Линдзи Греам, кој имаше клучна улога во неговото донесување.

Освен санкциите против Русија, законот предвидува и рамка за продолжување на санкциите против Иран до 2031 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Трамп за потпишувањето на законот.

„Најдобар начин да се оддаде почит на споменот на Линдзи ќе биде целосната и брза имплементација на одредбите од овој закон“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

„А најдобрата награда за сите кои ни помагаат да извршиме притисок врз Русија да ја прекине војната ќе биде мирот“, додаде тој.

Кремљ предупреди на последиците од новите санкции

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред Трамп да го потпише законот предупреди дека дополнителните американски санкции би можеле да ги усложнат напорите за постигнување мирно решение за војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Избори во САД: Гласачите одлучуваат за политичката моќ на Трамп

ВИДЕО: „Фокс њуз“ праша еден човек зошто дошол на митингот на Трамп, одговорот стана хит

Таен обид за мировни преговори меѓу Русија, Украина и САД во 2023 : Путин прифатил дел од планот, Зеленски одбил територијални отстапки

(ВИДЕО) Трамп до новинар на Ројтерс: Одвратен си, болен си

ВИДЕО: Русија го нападна Киев со балистички ракети, една жртва

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масакар во Дњепар: Русите погодија железничка станица, најмалку 13 мртви