Европската агенција за лекови: Ништо не укажува дека вакцинираните со „Астразенека“ имаат поголем ризик од згрутчување на крвта

Од:

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека засега нема што да укажува на тоа дека луѓето вакцинирани со „Астразенека“ имаат поголем ризик од згрутчување на крвта, коментирајќи ја одлуката на три европски земји привремено да ја прекинат употребата на оваа вакцина како претпазливост.

„Досега достапните информации укажуваат на тоа дека бројот на тромбоемболизами кај вакцинираните лица не е поголем од оној забележан кај целото население“, се вели во изјавата на Европската агенција за лекови доставена до агенцијата „Франс Прес“.

Европското регулаторно тело соопшти дека европските земји можат да продолжат да ја користат вакцината на „Астразенека“, иако е отворена истрага за случаи на згрутчување на крвта поради што Данска, Норвешка и Исланд ја прекинаа имунизацијата со таа вакцина.

Позицијата на безбедносниот комитет на Европската агенција за лекови е дека „предностите на вакцината сè уште ги надминуваат ризиците и дека вакцината може да се продолжи додека трае истрагата за случаите на тромбоемболизам“, се вели во соопштението на ЕМА.

Данска, Исланд и Норвешка вчера објавија дека привремено ја прекинуваат употребата на вакцината против Ковид-19 на „Астразенека“ „како мерка на претпазливост“ поради стравувања поврзани со коагулација. Тие нагласија дека тоа го прават претпазливо додека чекаат заклучоци од здравствената истрага и дека засега не може да се заклучи дека постои поврзаност помеѓу вакцината и тромбите.

Според Европската агенција за лекови, само 22 случаи на тромбоза се пријавени до вторникот за повеќе од три милиони луѓе вакцинирани во зоната што ги вклучува ЕУ, Норвешка и Исланд.

Фармацевтската компанија Астраженета, која ја разви вакцината во соработка со Универзитетот во Оксфорд, укажа на безбедноста на нејзиниот производ.

Би можело да ве интересира

Организации на потрошувачи: ЕМА да се ангажира повеќе околу недостигот на антибиотици

Ана Ололовска

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ЕМА: Не знаеме какви соеви на Ковид-19 ќе се појават зимава

А1он

Одобрена вакцина против мајмунски сипаници

ЕМА се надева дека до септември ќе ги одобри прилагодените вакцини за омикрон сојот

А1он

ЕМА разгледува вакцинација на деца под петгодишна возраст

А1он