Европратеничката Петир на Конференцијата за религиски и меѓуцивилизациски дијалог во Битола

Од:

Пратеничката во Европскиот парламент од редовите на владејачката Европска народна партија (ЕПП), Маријана Петир, од утре до сабота, во Битола ќе учествува на Четвртата светска конференција за религиски и меѓуцивилизациски дијалог, јави дописникот на МИА од Брисел.

На конференцијата европратеничката Петир како панелист ќе учествува на панел-дискусијата „Семејство – основен избор и место за човеково достоинство и раст во верата“.

Во својство на претседател на неформалната група „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент, хрватската политичарка за време на својата тридневна посета на Република Македонија ќе оствари и билатерални средби со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, како и со потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски и со пратениците Лилјана Кузмановска и Зоран Илиоски.

Според канцеларијата на Маријана Петир, таа при посетата на македонската држава ќе се сретне и со Федерацијата на фармери на Македонија, а ќе одржи и работен појадок со претставници на центарот „Лидија – срце што чука“, прв и единствен центар за бременост во Македонија, кој нуди финансиска помош и советување на жените што се подложени на неочекувана бременост.

Како претставник на сите Хрвати и хрватските државјани во Европскиот парламент, вклучувајќи ја и хрватската дијаспора, европратеничката Петир е планирано да ја искористи својата работна посета на Македонија и за да организира средба со Сојузот на Хрватите во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина