Европол: Уапсени 32 лица поврзани со „Коза ностра“

Од:

Италијанскиот Оддел за борба против мафијата и италијанските карабинери  уапсија 32 лица за кои постои сомневање дека се припадници на криминалната сицилијанска организација „Коза ностра“.

– Рациите се организирани во неколку италијански градови на Сицилија – Катанија, Палермо, Парма, Трапани и Агриџент, по долга и темелна истрага спроведена од италијанските власти со помош на Европол и Белгиската сојузна полиција, соопшти Европол.

Како што се наведува во соопштението, таа криминална организација се занимава со трговија на дрога, оружје и експлозиви, како и со киднапирање. Меѓу уапсените е и водачот на „Коза ностра“ и на навијачката група на Јувентус, „Брави рагаци“.

„Коза ностра“ е позната по тоа што своето дејствување го прошири и во други земји-членки на Европската унија.

Европол наведува дека операцијата била успешна благодарение на соработката со италијанската и белгиската полиција.

Би можело да ве интересира

Македонија учесник во операција предводена од Фронтекс, пронајдени 505 украдени автомобили, 16 чамци и 2.000 украдени делови за возила

Катерина Ѓуровски

Извинете, по грешка ви го стопивме синот во киселина-мафијата понуди стан од 120 илјади евра како компензација

Предраг Петровиќ

Неаполската мафија тврди дека убила погрешен човек, на семејството му нуди пари и стан

Уапсена e сестрата на последниот кум на сицилијанската мафија

Уапсен човекот кој му го позајмил идентитетот на озглогласениот шеф на Коза Ностра

Додека не најдеме тело, нема да веруваме дека е мртов: Пред шест години презентирани мрачни информации за шефот на Коза Ностра

А1он