Европол: ЕУ и натаму е под сериозна терористичка закана

Од:

Терористичката закана во 28-те земји-членки на Европската унија и натаму е „серозна и разновидна“ и покрај намалениот број напади во текот на минатата година, соопшти денеска полициската организација на ЕУ – Европол.

Во Извештајот за терористичките закани и тенденции, објавен денеска, Европол наведува дека радикалните поединци кои заминале во странство за да се борат на страната на екстремистите, како што е случајот во Сирија, по враќањето во своите домови претставуваат сериозна закана за сите членки на ЕУ.

– Поради сириската граѓанска војна, заканата за ЕУ веројатно значително ќе се зголеми, се предупредува во годишниот Извештај на Европол.

Во документот се наведени седум лица убиени при терористички напади во текот на 2013 година, меѓу кои е и британскиот војник кој беше заклан во Лондон од двајца исламисти поврзани со Ал Каеда.

Европол еднаш годишно објавува извештај за можните закани по земјите-членки на ЕУ, изработен врз основа на статистичките подотици на националните полициски служби.

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ