Европејците најмногу стравуваат од војна и конфликти

Од:

Три децении по падот на Берлинскиот ѕид, европските граѓани се згрижени и вознемирени поради безбедносната состојба во Европа и најмногу стравуваат од евентуална војна и конфликти, покажува истражувањето на германската Фондација „Фридрих Еберт“.

Истражувањето, кое било спроведено во седум европски земји – Германија, Летонија, Полска, Русија, Србија, Украина и Франција, покажува дека иако граѓаните на овие држави најмногу стравуваат од конфликт, сепак не се расположени за војување и повеќе се наклонети на напорите за постигнување консензус во надминувањето на споровите.

На прашањето „од што најмногу се плашите во блиска иднина“, дури 78 проценти од анкетираните одговориле дека тоа се војна и конфликти.

Кога станува збор за тоа која држава ја сметаат за најголема закана за безбедноста, 50 проценти од испитаниците ги посочиле САД, а 43 отсто Русија.

Анкета покажува и дека 75 отсто од анкетираните стравуваат од тероризмот, а голем процент се загрижени и поради последиците од климатските промени и свесни се за неадекватниот одговор на општеството на овие појави.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски