Европарламентот смета дека Јункер треба прв „да добие мандат“ за формирање нова Еврокомисија

Од:

Конференцијата на претседателите на Европскиот парламент денеска одржа состанок во пресрет на вонредниот самит на ЕУ, при што беше договорено кандидатот на најголемата политичка група во Европарламентот, Жан Клод Јункер да биде првиот кој треба да се обиде да обебзеди парламентарано мнозинство, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Во заедничката декларација, се наведува дека Европскиот парламент и Европскиот совет заеднички се одговорни за доброто одвивање на процедурата за избор на претседател на Европската Комисија, пти што се додадва дека „претставниците на Европскиот парламент и на Советот во согласност со овие одредни ќе ги водат потребните консултации“.

– Во согласност со Договорот и водејќи целосно сметка за резултатпт на европските избори, ние се ангажираме да водиме дијалог и консултации со претставниците на политичките групи на Парламентот, со цел да се утврди кој ќе биде кандидат за претседател на идната Европска комисија, кој ќе може да обзбеди квалификувано мнозинство во Европскиот парламент, се истакнува во документот.

Кандидатот на најголемата политичка група во Европарламнетот, Евроспката народна партија (ЕПП), Жан Клод ЈУнкер ќе биде првиот кој ќе се обиде да го обебзеди тоа мнозинство.

– Врз основа на ова, ние го повикуваме Европскиот Совет да ги започне меѓуинстутиционалните консултации, се вели во декларацијата, која ќе му биде предадена на претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески