Европарламентот препорачува договор за асоцијација со Лондон по Брегзит

Од:

Европскиот парламент денеска усвои Резолуција за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија по Брегзитот, со која се повикува на склучување на договор за асоцијација меѓу Унијата и Лондон.

– Имајќи ги предвид црвените линии што ги одреди Владата на Велика Британија, договор за асоцијација би можел да претставува прифатлива рамка за идните односи, се посочува во документот.

Европарламентот во Резолуцијата предлага идните врски меѓу ЕУ и Велика Британија да се базираат на четири основни столба: трговија и економски односи, внатрешна безбедност, соработка во надворешната политика и одбраната и соработка во одреди сфери, како на пример во научните истражувања.

– Секоја рамка за идните односи треба да вклучува и почитување на целовитоста на единствениот пазар, царинската унија и четирите слободи, без да се користи различен пристап за одделни области, Тука треба да се земе предвид улогата на Судот на ЕУ, наведува Европарламентот.

Европаретниците сметаат и дека е потребно воспоставување механизми за надминување на евентуалните спорови. – Тука треба да се земе предвид улогата на Судот на ЕУ, смета Европскиот парламент во резолуцијата.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски