Европарламентот лансира информативната камапња за европските избори во 2014 година

Од:

Официјалните подготовки за изборите за Европскиот парламент во 2014 година започнаа со лансирањето на информативната кампања, која ќе трае се додека новоизбраните европратеници не го изберат идниот претседател на Европската комисија, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Европскиот парламент е единствениот начин да се легитимира процесот на одлучување на Унијата, подвлече грчката европратеничка и потпретседател на Европарламнетот, Ани Подимата.

– Многумина мислат дека на донесувањето на одлуки на европско ниво, во рамките на актуелната економска криза им недостига реална легитимност. Граѓаните. Европските избирачи, располагаат со единствена можност да одлучат за мнозинството на политиките во Европскиот парламент. Тие ќе ја утврдат ориентацијата на идното законодавство, ќе ги стават во прашање лошите политики и ќе ја водат дебатата во идните пет години по изборите, додаде Подимата при промоцијата на кампањата.

– Европскиот парламент, е собрание на граѓаните на ЕУ. Ние ги претставуваме гласовите на граѓаните во процесот на одлучување во ЕУ, исткна вториот потпретседател на Европарламнетот Отмар Карас. – Но овој пат е различно. Оваа кампања ќе не води до европските избори од 22 до 25 мај 2014, но таа ќе трае се до изборот на претседателот на Европската комисија од страна на Парламентот и до одобрувањето на нејзината нова политичка агенда, додаде Карас.

Најголемиот број закони во земјите-членки на ЕУ се произлезени од законодавството на Унијата, што на Европскиот парламент му дава исто толку права, како и на националните парламенти. Затоа, според замислата на информативната кампања, Европејците треба да знаат кои одлуки се носат во Брисел или Сразбур и на кој начи можат да влијаат врз тие одлуки.

Кампањата ќе се одвива во четири фази.

Првата започна влера со претставување на слоганот „Делување, Реагирање, Исполнување“ и има за цел да ги објасни новите овластувања на Европскиот парламент и нивните последици за граѓаните на ЕУ.

Втората фаза ќе се одвива од октомври 2013 до февруари 2014 и ќе стави акцент на пет клучни теми: економијата, борбата против невработенсота, квалитетот на животот, финансиите и местото на ЕУ во светот, во рамките на серија интерајтивни настани организирани во европските градови.

Третата фаза е вистинската предизборна кампања, која започнува во февруари и таа ќе се концентрира на изборите закажани за периодот од 22 до 25 мај 2014.

По изборите, финалната фаза од кампањата ќе се насочи врз новоизбраниот Европски парламент и изборот на идниот претседател на Еврокомисијата и врз инагурацијата на новиот состав на извршниот орган на ЕУ.

Со слоганот „Делување, Реагирање, Исполнување“, според објаснувањата. Европарламнетот сака да потенцира дека европските избирачи можат да ја користат нивната моќ преку гласачките кутии и да влијаат врз утрешна Европа.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија