Европа ќе остане без гас: Русија и Украина не постигнаа договор!

Од:

Русија и Украина не го решија спорот поради цената на гасот, а рокот кој Москва го постави на Киев за плаќање на долгот од 1,95 милијарди долари, истекува денеска во 10 часот по локално време, соопшти портпаролот на рускиот „Газпром“, Сергеј Купријанов.

Доколку до тогаш Киев не го исплати долгот, Москва би можела да го прекине извозот на гас не само за Украина, туку и за ЕУ, пренесе „Франс прес“.

Русија се закани дека ќе го прекине извозот на гас за Киев, ако не го плати долгот од 1,95 милијарди долари, од кои 1,45 милијарди долари се долг од ноември и декември од минатата година, додека 500 милиони долари се аванс за април и мај оваа година.

Доколку Украина го плати долгот, „Газпром“ според досегашните преговори ќе се согласи ретроактивно да се пресмета долгот за април и мај и да се продолжи рокот за плаќање до 26-ти јуни.

Руската страна и понуди на Украина гас по цена пониска за 100 долари за 1000 кубика, во однос на договорената, со што понудата сега изнесува 385 долари за 1.000 кубика гас.

Украински „Нафтогас“ пак според најновите најави од компанијата, е подготвен долгот од 1,9 милијарди долари кон „Газпром“, да го исплати по цена од 326 долари за 1.000 кубни метри гас.

Во преговорите за решавање на спорот околу цената на гасот помеѓу „Газпром“ и „Нафтогас“ кои започнаа во јуни е вклучена и ЕУ. Европската комисија која учествува во преговорите помеѓу Украина и Русија и смета дека руската понуда од 385 долари би можела да биде прифатлива.

Европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер смета дека договорот помеѓу двете страни мора се заснова на три клучни точки, односно цена, количина и должина на период во кој гасот би бил испорачуван.

„Газпром“ вели дека иако не се најде решение за спорот и истото би морало да се бара на Меѓународниот арбитражен суд во Стокхолм, тоа не значи дека во тој период гасот нема да се плаќа, туку истакнува дека договорените обврски мора се исполнуваат.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот