Еврокомисијата со нов план за прераспределба на имигрантите

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска претстави нов план со кој товарот за згрижување на имигрантите во Европа би требало да биде рамномерно поделен меѓу земјите-членки на Унијата, соопштија дипломатски извори од седиштето на ЕУ.

Со планот се предвидува прераспоредување на околу 120.000 бегалци, колку што во моментов се наоѓаат во Грција, Италија, Унгарија и другите земји-членки на ЕУ.

Согласно новиот план, секоја земја-членка на ЕУ би требало да прими одреден број имигранти во зависоност од нејзината големина, богатство и капацитети, при што за секој прифатен бегалец од фондовите на Унијата на членките ќе им бидат исплаќани по 6.000 евра.

Планот предвидува оние држави-членки кои ќе одбијат да ја прифатат предвидената квота на бегалци, да мораат во посебен фонд да уплатат по 6.000 евра за секој имигрант што нема да го примат.

Околу 60 проценти од сите имигранти во следниве две години би требало да бидат сместени во Германија, Франција и Шпанијам додека најмалку бегалци, по околу 400, би требало да згрижат Кипар и Малта.

Висината на квотата на бегалците што треба да ги прими секоја-земја членка на ЕУ и определена врз основа на пресметка во која по 40 отсто влијание има висината на бруто домашниот производ и бројот на жители, а по 10 проценти стапката на невработеност и бројот на барањата за азил што се во фаза на обработка.

Во планот се нагласува дека ниту една земја не може да бира и да ги дискриминира бегалците според вероисповеста, степенот на образование или личните карактеристики. Од друга страна, ниту бегалците не ќе можат да бираат во која земја ќе бидат преместени, а доколку одбијат да заминат во државата за во која се одредени, ќе им бидат ускратени правата на азил.

Со овој план не се опфатени Велика Британија и Ирска, кои не се членки на Шенген зоната, како ниту Данска. Сепак, британскиот премиер Дејвид Камерон најави дека неговата земја е подготвена во следните пет години да прифати 20.000 сириски бегалци, кои се сместени во бегалските кампови во Туција, Либан и Јордан.

Сличен план, Еврокомисијата предложи и на почетокот на летото, но тој тогаш беше одбиен од земјите-членки на ЕУ, кои тврдеа дека имаат суверено право сами да решаваат за бројот на имигрантите што ќе ги прифатат.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто