ОН евакураа дел од меѓународниот персонал од Појасот Газа

Од:

Агенцијата на ОН за помош на палестинските беглаци (УНРВА) соопшти дека евакуирала дел од својот меѓународен персонал во Појасот Газа, по масовните протести против неа во оваа палестинска енклава.

Директорот за операции на УНРВА, Матијас Шмеле информира дека деветмина членови на меѓународниот персонал на Агенција, кои извршуваат „неважни должности“, времено се префрлени од Појасот Газа во Ерусалим.

Шмеле, кој е меѓу припадниците на УНРВА што останаа во Појасот Газа, додаде дека во сегашните услови Агенцијата „не може да функционира нормално“.

УНРВА, која се соочува со финансиска криза по одлуката на САД да ја запрат исплатата на 300 милиони долари наменети за Агенцијата за 2018 година, реши да ги намали трошоците со тоа што отпушти 113 локални Палестнци кои беа ангажирани во нејзините проекти. Ваквата одлука на УНРВА предизвика серија на протести во Појасот Газа, насочени против Агенцијата.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници