Евакуирана Источната железничка станица во Париз

Од:

Официјалната веб страница на француската национална железница СНЦФ, соопшти дека поради „присуство на напуштен и неидентификуван багаж“ била евакуирана париската Источна железничка станица, јави дописникот на МИА од Париз.

Според весникот „20 Минут“, причина за евакуацијата е анонимен телефонски повик, при што сите патници и вработени присутни во возовите и станицата биле повикани да ја напуштат.

По проверката на станицата од страна на безбедносните служби, ситуацијата започна да се нормализира и возовите започнаа да се движат.

Инфромацијата беше широко присутна на социјалните мрежи, со оглед дека евакуацијата на станицата се случи во еден од најфреквентниот период, кога Парижаните и жителите на париските предградија одат на работа.

Од пред една недела имаше повеќе вакви операции во Франција, како евакуацијата на железничката станица во Лион или плоштадот Трокадеро, но за среќа сите овие закани се покажаа како лажни.

Според безбедносниот антитерористички план „Вижипират“, секогаш кога ќе биде пронјаден напуштен пакет или багаж, деминерите го уништуваат, создавајќи безбедносен појас околу местото каде е пронајден. Но, поради засилените безбеднсони мерки, претпазливоста налога евакуација на местото.

Изутринава француската полциија изведе акција во исламистичките средини во Париз и неговиот регион, при што беа уапсени 12 лица на кои им е изречена мерка притвор. Тие ќе бидат испитувани за нивната поврзаност со терористите што ги извршија минатонеделните напади и логистичката поддршка која им ја дале.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци