Евакуација на железничката станица во Лион поради сомнителен пакет

Од:

Француските безбедносни сили ја евакуираа железничката станица Пар-Диео во Лион околу 18 часот и 45 минути по пријавен сомнителен пакет, јавува дописникот на МИА од Париз.

Поради пакетот за кој се сомнева дека се работи за можна експлозивна направа,  полицијата евакуира илјадници лица, во очекување на интервенцијата на специјалците за деминирање.

Евакуацијата на железничката станица предизвика бројни каснења на возовите кои пристигнуваат и поаѓаат од Лион.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on