Евакуација на туристите заглавени на Мачу Пикчу поради протестите што го зафатија Перу

Од:

Околу 200 од туристите кои беа блокирани во познатиот археолошки комплекс во Перу, Мачу Пикчу, се евакуирани од таму поради протестите што го потресуваат Перу околу 10 дена.

Евакуацијата е извршена со воз. Туристите биле пренесени во градот Пискакучо. Таму, пак, огромен камен ги блокираше шините и туристите, од кои повеќето Европејци и Северноамериканци, мораа да се симнат од возот и да пешачат два километри за да се качат во автобуси и транспортирани во градот Куско, кој има меѓународен аеродром.

Градоначалникот на селото во близина на Мачу Пикчу, Дарвин Бака изјави дека 5.000 туристи се блокирани во градот Куско.

Најмалку 622 туристи, од кои 525 странци и натаму се блокирани на Мачу Пикчу. Возот е единственото средство за враќање од таму до градот Куско, но линијата е блокирана. Аеродромот во Куско продолжи со работа во петокот, а од таму започна евакуацијата на туристите.

А оние што ќе останат на Мачу Пикчу ќе бидат пренесени со четири хуманитарни летови на армијата од таму до Куско.

Перу е зафатен од протести во кои загинаа најмалку 19, а повредени се 569 лица. Тие избија по импичментот и апсењето на претседателот Педро Кастиљо на 7 декември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот на длабочина од 10 километри

Ана Ололовска

Во Перу запленети се 58 килограми кокаин спакувани во пакувања со нацистички свастики

Ана Ололовска