Евакуација на најголемиот ромски камп во Париз

Од:

Француските власти со одлука на судот започнаа изутринава со евакуација на најголемиот ромски камп во Париз, во кој живееа околу 300 Роми, јави дописникот на МИА од Париз.

Кампот се наоѓа на северот од Париз, на напуштена железничка линија во така наречениот „Мал појас“. Одлуката за евакуација е донесена од судот по барање на државната железница, сопственичка на теренот.

Француските власти изборојаа 135 колиби во кои живејаа цели семејства во тешки хигиенски услови и со несоодветно греење, што ризикуваше да предизвика пожар.

На пописот направен од властите минатата недела, беше констатирано дека во населбата живеаа 73 ранливи лица, од кои 18 деца кои оделе на училиште, која притоа констатирала дека има четири случаи на заболување од туберколоза.

Според извештајот објавен неодамна, во текот на 2015 година беа евакуирани околу 11.000 Рроми од нивните диви населби во Франција, без соодветно станбено решение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили