Евакуации на островот Бали во очекување на вулканска ерупција

Од:

Индонезиските власти извршија евакуација на 96.000 жители од населените места во близина на вулканот Агунг на островот Бали, каде се очекува силна ерупција.

Сеизмичките потреси околу вулканот, според експертите, укажуваат дека ерупција може да се случи во секој момент и дека вжештената магма се качува низ вулканот.

– Шансите да дојде до ерупција се многу високи, но не можеме да предвидиме кога тоа ќе се случи, изјави Сутопа Пурва Нугроха, портпарол на индонезиската агенција за кризни состојби. Дополнително, авионските компании се известени за опасноста и направени се планови за пренасочување на летовите кои би можеле да бидат зафатени од ерупцијата.

Вулканот е познат по серијата ерупции во 1963 и 1964 година, кога 1.700 жители загинале, а облаците чад се издигнале десетици километри во височина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жална слика на Бали: џиновски кит умре откако се насука на плажа

Само 45 странски туристи го посетиле Бали во 2021 година наспроти шест милиони пред пандемијата

Ана Ололовска

Силен земјотрес на Бали, најмалку тројца загинати

ВИДЕО: Туристи не носеле маски на Бали, по казна прават склекови

Жарко Настоски

ВИДЕО: Земјотрес во Индонезија, штети на островот Бали

Ана Ололовска

„Ден на тишината” на островот Бали