ВИДЕО: Земјотрес во Индонезија, штети на островот Бали

Од:

Земјотрес со јачина од 5,7 степени денеска го погоди островот Бали и други индонезиски острови.

Засега нема извештаи за евентуални настрадани. Причинета е материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил во морето, 82 километри југозападно од Денпасар на Бали и на длабочина од 91 километар, соопшти Американскиот геолошки институт.

Индонезиската агенција за геофизика, пак, соопшти дека нема опасност од цунами.

Агенцијата за природни катастрофи на Твитер објави фотографии од оштетени куќи и џамии на островот Јава, како и од оштетениот хиндуистички храм на Бали. Исто така, штета претрпе и луксузното одморалиште на Бали.

Главната болница во Денпасар ги евакуираше пациентите, а евакуирани се и голем број училишта и хотели.

Би можело да ве интересира

Најмалку 30 исчезнати откако се запали траект во близина на Јава

Индонежанец пешачи 700 километри наназад за да ги спаси шумите

Стотици затвореници побегнаа од затвор во индонезиска Западна Папуа

Ана Ололовска

Видодо официјално побара главниот град на државата да се премести на островот Борнео

Индонезија и враќа на Австралија стотици тони отпад

А1он

Во Индонезија повеќе од 30 милиони луѓе останаа без електрична енергија