ЕУ започнува операција „Тритон“ за спасување имигранти во Средоземно Море

Од:

ЕУ денеска ја започнува новата операција „Тритон“ за спасување на загрозени имигранти во Средоземно Море.

Мисијата ќе ја раководи Европската агенција за управување на оперативната соработка долж надворешните граници на земјите-членки (Фронтекс). Таа се спроведува како одговор на големиот број имигранти кои преземаат ризици, честопати со трагичен крај, за да стигнат во Европа по морски пат.

Операцијата ќе чини 2,9 милиони евра месечно. На почеток во неа ќе учествуваат 65 службеници, пет летала и седум пловни објекти, обезбедени од 21 земја-членка на Унијата.

Акцентот во „Тритон“ ќе биде ставен на граничната контрола. Доколку е потребно мисијата ќе се вклучува во спасувачки акции, но сепак ЕУ смета дека главната одговорност за помош на луѓето во несреќа е на самите држави.

Сите имигранти кои ќе бидат спасени во рамки на европската операција ќе им бидат предадени на Италија и на Малта.

„Тритон“ ќе ги замени двете други операции на Фронтекс, а тоа се „Хермес“ и „Енеј“.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ