ЕУ вети уште 78 милиони евра за борба против еболата

Од:

Земјите-членки на ЕУ ветија уште 78 милиони евра помош за борба против еболата, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош Кристалина Георгиева.

Оваа сума ќе се додаде на околу 150 милиони евра што ги одобри Европската комисија за поддршка на трите најзагрозени земји од смртоносниот вирус – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

– Оваа помош ЕУ ја одобри на средбата на високо ниво во понеделникот во Брисел за координирање на европскиот одговор на епидемијата, потврди Георгиева.

ЕУ ќе продолжи да разговара за координирањето на помошта на средбата на министрите за здравство на 22 и 23 септември во Милано.

Според ОН, за спречување на епидемијата од ебола се потребни околу 770 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина