ЕУ: Преговарачите се согласија да ги продолжат разговорите за Брегзит

Од:

Европската унија денеска соопшти дека британските и европските преговарачи се согласиле да продолжат со разговорите насочени кон надминување на кризата околу Брегзит.

Европската комисија соопшти дека техничките разговори се фокусирале на „првиот сет концепти, принципи и идеи изнесени од Велика Британија“.

ЕУ побара од Велика Британија да излезе со предлози за тоа како стоката може да продолжи да ја минува лесно границата со Ирска без скапи и долги проверки кога Северна Ирска ќе го напушти блокот со остатокот од Велика Британија.

ЕК оцени дека е „клучно да постои целосно изводливо и законски оперативно решение“ вклучено во правно обврзувачкиот договор за излез на Велика Британија од ЕУ.

Европската комисија останува подготвена и отворена да ги преиспита сите предлози кои се во согласност бекстоп – избегнување на тврда граница меѓу Ирска и Северна Ирска, што е предлог кој Велика Британија сака да го отстрани.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа