ЕУ планира набавка на беспилотни летала и шпионски сателити

Од:

Европската унија планира да набави и користи шпионски беспилотни летала, сателити за набљудување и авиони, како дел од нова агенција за разузнавање и безбедност, која ќе биде под контрола на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, пишува весникот „Дејли телеграф“.

Контроверзниот предлог е чекор кон создавање независно воено тело на ЕУ што ќе има сопствена опрема и ќе води независни операции, наведува британскиот весник.

Весникот, повикувајќи се на изјави од високи европски службеници наведува дека Европската комисија и Кетрин Ештон сакаат да формираат воена команда и систем на комуникација што ЕУ ќе го користи за внатрешна безбедност и во одбранбени цели. Според овој предлог, набавката на беспилотни летала би била извршена до есен.

Според високите европски службеници планот за создавање Агенција за безбедност и разузнавање претставува итен одговор на скандалот околу американското и британското шпионирање на светските комуникации.

Случајот со Едвард Сноуден покажа дека Европа треба да има сопствена независна безбедносна агенција и овој предлог е чекор поблиску кон европска одбранбена интеграција, нагласува за весникот неименуван службеник од ЕУ.

„Дејли телеграф“ наведува дека веќе постои судир меѓу Лондон и приврзаниците на планот за создавање центар за европски воени операции во Брисел.

Ештон, ЕК и Франција, поддржани од Германија, Италија, Шпанија и Полска се за спроведување на планот, додека Велика Британија е остро против.

Весникот наведува дека предлогот најверојатно ќе се најде пред шефовите на владите и државите на Самитот на ЕУ во декември.

Шпионските летала и одбранбениот команден систем би биле поврзани со проектот за шпионски систем во вредност од 3,5 милијарди долари, познат како „Коперник“, што ќе обезбеди можност за поддршка на мисиите и операциите за заедничка безбедност и одбрана. Системот „Коперник“ првично требаше да биде во служба на Европската вселенска агенција, наведува „Дејли телеграф“.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија