ЕУ одвои 15,4 милијарди евра за политиката за соседство

Од:

Европската унија одвои над 15 милијарди евра за политиката за соседство за периодот до 2020 година, соопшти денеска пресслужбата на Европската комисија.

– Новиот инструмент за европско соседство со буџет од 15,4 милијарди евра за периодот 2014-2020 година е наменет за европската политика за соседство со 16 држави – Азербејџан, Алжир, Белорусија, Грузија, Египет, Ерменија, Израел, Јордан, Либан, Либија, Мароко, Молдавија, Палестинската автономна област, Сирија, Тунис и Украина, се посочува во соопштението на ЕК.

Еврокомесарот за проширување и за односи со соседите Јоханес Хан денеска  најави дека ЕК на есен ќе подготви нови предлози за развој и усовршување на европската политика за соседство.

Европската политика за соседство е создадена во 2003 година и преразгледана во 2011 година по така наречената Арапска пролет.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески