ЕУ очекува помал економски раст од предвиденото

Од:

Очекувањата за економскиот раст во ЕУ по брегзит се послаби од предвидувањата објавени за оваа есен, пред сѐ поради состојбата во Италија, соопшти Европската комисија.

Бруто домашниот производ во ЕУ по брегзит се очекува да биде 1,3 отсто наместо предвидените 1,9 отсто во 27-те земји членки на ЕУ, додека доколку се вклучи Велика Британија, растот ќе се намали од два отсто на 1,5 отсто.

Главна причина за оваа ревизија на Европската комисија е Италија, каде планираниот економски раст од 0,2 отсто е далеку послаб од предвидените 1,2 отсто оваа есен, информираше ЕК.

Италијанската Влада, меѓутоа, не ги менува своите предвидувања за оваа година и тврди дека ќе постигне раст од еден отсто од БДП.

Растот се очекува да се намали секаде во ЕУ освен во Грција и Малта, каде економската состојба би требало да се подобри годинава.

Еврокомесарот за економија, Пјер Московиси, потенцираше дека сепак растот останува позитивен во сите земји членки и верува дека би требало да има подобрување кон крајот на 2019, а потоа „забрзан раст“ во текот на 2020 година.

„За оваа година, ризиците се меѓународните трговски тензии, падот на производството на автомобили во Германија, социјалните тензии во Франција и големата буџетска неизвесност во Италија“, изјави Московиси.

Според него, добра вест останува стапката на вработување во ЕУ и во еврозоната.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески