ЕУ нема да ги укине санкциите: Франција бара Иран да се откаже од нуклеарната програма

Од:

Европската Унија нема да ги укине санкциите против Иран се додека Техеран не се откаже од својата нуклеарна програма, регионалните дестабилизирачки активности и разработувањето балистички ракети, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

– Нема да има никакво укинување на санкциите против иранскиот режим се додека тој не се откаже од својата нуклеарна програма, од својот револуционерен проект што го дестабилизира регионот и од програмата за балистички ракети, од кои дел еден ден би можеле да стигнат до Европа, изјави Баро за телевизијата „Бе-Еф-Ем“.

Тој додаде дека санкциите ќе останат во сила и се додека Техеран, како што рече, „не им ја врати на Иранците слободата сами да ја изградат својата иднина“.

Запрашан за новото зголемување на тензиите меѓу Иран и САД, Баро одби да каже дека конфликтот повторно ескалирал во војна.

„Факт е дека постои постигнат договор што овозможува нешто многу едноставно – прекин на борбените дејствија, повторно отворање на Ормуската Теснина и започнување преговори за строго ограничување на иранската нуклеарна програма“, рече францускиот министер.

Тој повторно ги повика сите страни да се вратат на преговарачкиот процес утврден со договорот, оценувајќи дека „никој нема интерес од ескалација“.

Би можело да ве интересира

Иран ја повика Франција да ги почитува човековите права за време на ученичките протести и осуди прекумерна употреба на сила

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Над 400 училишта затворени во Франција поради протестите

Катерина Ѓуровски

Макрон на историски минимум: поддршката падна на само 18 отсто

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он