ЕУ му се закани на Маск: Следи ги правилата или ќе го забраниме Твитер

Од:

Европската унија се закани дека ќе го забрани Твитер доколку Илон Маск не се придржува до строгите правила за умереност на содржината. Оваа закана ја упатил еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон за време на вчерашната видео средба со новиот сопственик на Твитер, пишува Sky News.

Бретон му рекол на мултимилијардерот дека мора да ги почитува правилата утврдени во новиот Закон за дигитални услуги на ЕУ. Целта на Законот е да се постави глобален стандард за тоа како технолошките гиганти мора да ја контролираат содржината на Интернет. Ова предупредување може да го означи почетокот на регулаторната битка за иднината на социјалната мрежа низ Европа.

Најавен „стрес тест“

„Твитер ќе треба да спроведе транспарентни кориснички политики, значително да ја зајакне умереноста на содржината и да ја заштити слободата на говорот и решително да се справи со дезинформациите и да го ограничи насоченото рекламирање“, рече Бретон. Затоа, дуото се согласи ЕУ да спроведе „стрес тест“ во седиштето на Твитер на почетокот на следната година за да ја процени усогласеноста на компанијата со правилата.

Маск се уште не ги коментирал заклучоците од вчерашната средба, но претходно изјави дека Твитер ќе ги почитува сите релевантни закони. Да потсетиме дека 51-годишниот мултимилијардер во октомври го заврши преземањето на Твитер во вредност од 44 милијарди долари и оттогаш почна да спроведува радикални промени во управувањето со социјалната мрежа.

Тој отпуштил приближно половина од 8.000 вработени во компанијата. Исто така, ги врати корисничките сметки кои претходно беа забранети, вклучувајќи ги и оние на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и раперот Канје Вест. Експертите предвидуваа зголемување на малтретирањето, говорот на омраза и дезинформациите поради најавената „амнестија“ на суспендираните сметки.

Би можело да ве интересира

Маск ја прошири тужбата против OpenAI, сега го тужи и Мајкрософт

Гардијан се повлекува од X мрежата на Маск, вели дека станала „токсична“

ВИДЕО: Илон Маск доби функција од Трамп, водител од Фокс ќе биде министер за одбрана

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија е конзервативен остров во европскиот „либерален океан“

Уште една тужба против Илон Маск: Давањето милиони на потенцијалните гласачи е „незаконска лотарија“

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија