ЕУ молчи и стравува поради Шкотска

Од:

Претставниците на Европската унија и НАТО упорно молчат за шкотскиот референдум, но во Брисел провејува страв од последиците на можната сепарација.

– Немаме коментар и не би сакале да се мешаме во внатрешните работи на земјата членка – порака која во Европската комисија со месеци наназад се повторува на секое прашање во врска со шкотскиот референдум за одделување од Велика Британија, кој ќе се одржи во четврток.

Неофицијално, никој не е сигурен што ќе се случи ако мнозинството шкотланѓани гласаат “за“.

– Пловиме во неистражени води – вели функционер во Европската унија кој инсистира на анонимност и додава дека мнозинството се надева дека Шкотска ќе остане дел од Велика Британија, па не мора да се занимаваат со овој проблем.

Првото прашање кое се поставува е дали Шкотска доколку се оддели ќе го задржи членството во ЕУ или би морала да помине низ истата процедура на преговори, низ која моментално се наоѓаат Србија и Црна Гора.

Претседателот на Европската комисија во заминување Жозе Мануел Баросо изјави во февруари дека „за Шкотска ќе биде тешко, дури и невозможно да се зачлени во ЕУ“, бидејќи би требало да добие согласност не само од Велика Британија, туку и од Шпанија, Италија, Белгија и другите земји-членки.

Лидерот на сепаратистичката Шкотска национална партија (СНП), Алекс Салмонд ја нарече изјавата на Баросо апсурдна, образложувајќи дека е незамисливо ЕУ да не прими земја чии граѓани ионака се членки на Унијата, а Шкотска е држава чии закони одамна се ускладени со европските стандарди.

Баросо од тогаш веќе не го коментираше шкотскиот референдум, ниту ја повтори својата изјава, а во сите неодамна дадени интервјуа повторуваше дека ЕУ ќе ги почитува демократските процедури без оглед на резултатот.

И покрај мислењата дека Шкотска би можела да биде примена во ЕУ по итна постапка, Шпанија веќе најави дека ќе инсистира доколку Шкотска се оддели – да помине низ целата сложена повеќегодишна процедура како и која било земја која е кандидат.

– Во таа процедура има повеќе ’ако’ него во познатата песна на Џозев Киплинг“ предупреди во синоќешното интервју за Би-Би-Си шпанскиот министер за европски прашања Мендез де Виго.

Друго што останува непознато се однесува на валутата. Шкотска би сакала да ја задржи фунтата, но од Лондон стигна одговор дека тоа едноставно не доаѓа во предвид, а без гаранција на лондонската Централна банка, шкотската фунта брзи би ја изгубила вредноста.

– На Европа и е потребен нов модел – укажува холандскиот експерт Арнаут Мијс, кој предупредува дека Шкотска би можела да биде само прва во низата на отцепени територии, што во крајна линија ќе доведе до грагментација на ЕУ.

– Шкотска не треба да се надева деќа ќе наиде на поддршка во Брисел – костратира Мијс, но додава дека активната кампања на ЕУ против отцепувањето би можела да има контра ефект.

Во Брисел молчат, чекаат и се надеваат дека проблемот ќе се реши сам од себе – што во случајот со ЕУ и не е баш нов пристап кон кризните ситуации.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски