ЕУ ќе разгледува мерки за борба со трговија на мигранти

Од:

Лидерите во Европската унија ќе разгледаат денеска мерки за борба со шверцерите на луѓе во Либија по смртта на стотици имигранти во Средоземното Море.

Неопходни се системски напори за да се идентификуваат, запленат и уништат бродовите пред да бидат користени за трговија со луѓе, се вели во нацрт декларација на вонредната средба на врвот.

Планот предвидува удвојување – од три на шест милиони евра на месечниот буџет на граничната служба на Еу – Фронтекс, за спасувачките мисии Тритон во водите на Италија и Посејдон, во водите на Грција.

Ќе биде разгледан и предлогот државите членки да прифатат по најмалку 5.000 луѓе кои добиле азил и да се покаже солидарност со најпогодените држави од бегалскиот бран.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ