ЕУ ќе побара помош од Интернет гигантите за борба против џихадистите

Од:

ЕУ ќе побара од Интернет гигантите, вклучувајќи ги „Гугл“, „Фејсбук“ и „Твитер“, да и помогнат во борбата против он лајн екстремизмот и џихадистите.

Вечерва во Луксембург е организирана вечера меѓу еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малстром, повеќе европски министри за внатрешни работи и претставници на тие компании, изјави портпарол на Европската комисија.

Средбата ќе претходи на утрешното заседание на министрите на ЕУ, посветено на борбата против европскиот џихадизам и радикализирањето на млади Европејци, кои заминуваат да се борат во Сирија и Ирак.

– Учесниците на средбата вечерва ќе ги разгледаат предизвиците, кои ги создава користењето на Интернетот од терористите, можните одговори и средства и техники за реакција на терористичките дејности он лајн, додаде портпаролот.

– Нема да бидат разгледани конкретни мерки, туку начини за соработка меѓу приватните фирми и влади, додаде тој.

Интернетот е моќно пропагандно средство за екстремистите. Групата „Исламска држава“ во последните седмици објави он лајн видео записи за обезглавени западни заложници.

Големите социјални мрежи не ја следат содржината, туку затвораат профилите, кои ги нарушуваат условите за учество, вклучувајќи повици кон насилство, по добиените сигнали.

Бројот на европски џихадисти кои заминуват да се борат во Сирија и Ирак расте и достигнал околу 3.000 лица, изјави минатиот месец европскиот координатор за борба против тероризмот Жил де Керков, кој во јули говореше за 2.000 лица.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески