ЕУ ќе испрати 80 милиони помош за згрижување на мигранти во Грција

Од:

Европската унија вети дека ќе овозможи 80 милиони евра помош за Грција поради згрижување на мигранти и луѓе кои бараат азил.

Заменик претседателот на Европската комисија одговорен за буџет и човечки ресурси, Кристалина Георгиева денеска потпиша договор за програма за субвенционирање кредити, која треба да започне да се спроведува од следната година.

Илјадници бегалци моментно се сместени во стари објекти од периодот на Олимпијадата во 2004 година или во шатори поставени на плоштади и паркови во Атина.

Согласно планот на ЕУ, мигрантите ќе добиваат ваучери за сместување во хотели или слободни станови.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија