Европската комисија најави зајакната борба против ракот, кој според Евростат, го убива секој четврт граѓанин на ЕУ.
Претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен денеска, на Светскиот ден на борба против ракот, денеска ќе го претстави европскиот план, насловен „Победете го ракот“, што е прв чекор во јавната расправа, во која ќе бидат изнесени мислења на лекари, научници, здруженија и политички лидери.
„Студирав медицина за да им помогнам на другите да ја совладаат тагата и беспомошноста“, напиша таа на Твитер, посочувајќи дека иако е зголемена стапката на преживеани заболени од рак, претстои уште многу работа.
With Europe’s beating Cancer Plan we can make a difference together:
✔️ With prevention and research
✔️ With equal access across Europe
✔️ Standing at the side of those who need us.#EUCancerPlan pic.twitter.com/utjjaKWc3A— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) February 4, 2020
Речиси 1,2 милиони луѓе починале од рак во Европската унија во 2016 година, објави денеска Евростат, врз основа на најновите достапни податоци. Тоа значи дека канцерот е виновен за 26 отсто од сите смртни случаи во таа година во Унијата.
Ракот на белите дробови е најсмртоносен облик кај мажите, а ракот на дојка кај жените, наведува Евростат, при што стапката на морталитет кај мажите е поголема од стапката на смртност кај жените.
For me, and for so many of you, cancer is personal. We all have our personal stories of struggle, pain and resilience. None of our stories are extraordinary. #WorldCancerDay #EUCancerPlan pic.twitter.com/QLYQx1TNqO
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) February 4, 2020
Унгарија има највисока стапка на смртност, 345 на 100.000 жители, по што следат Хрватска, Словачка и Словенија.
Медитеранските и нордиските земји имаат најниски стапки на смртност, а Кипар е рекордер со 194 смртни случаи на 100.000 жители.