ЕУ испрати над два милиона евра помош за населението во Пакистан

Од:

Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ се координира помош од земјите-членки на ЕУ по поплавите во Пакистан кои однесоа над илјада животи, јави дописничката на МИА од Брисел.

Помошта се испраќа на барање на пакистанските власти и пристигнува од Шведска, Белгија, Франција, Данска и Австрија, кои донираат шатори, пумпи за вода, хигиенски материјали, тестови за Ковид-19, медицинска опрема, но и тим на осум лекари од Франција.

Механизмот за цивилна заштита на ЕУ е задолжен да ја координира помошта што се испраќа, а ќе биде назначено и лице за врски во Пакистан за да помогне понатаму со координација на дополнителна помош на терен.

ЕУ веќе му додели и над два милиона евра хуманитарна помош на Пакистан, а пристигнуваат и дополнителни 200.000 евра. ЕУ исто така го активира својот сателит Коперникус за да им помогне на властите во справувањето со оваа природна катастрофа.

Еврокомесарот за хуманитарна помош Јанез Ленарчич, изјави дека мора веднаш да се помага затоа што хуманитарна ситуација на терен брзо се влошува.

– Потребни се храна и медицинска опрема за да се одговори на оваа комплексна состојба што побрзо, истакна Ленарчич.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он