ЕУ: Има многу докази дека Асад употребил хемиско оружје

Од:

Многу докази покажуваат дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад употребил хемиско оружје за време на нападот на 21 август во близина на Дамаск, заклучиле министрите за одбрана од земјите на ЕУ.

– Постојат многу докази дека режимските сили го употребиле ова оружје, изјави литванскиот министер за одбрана Јуозас Олекас на средбата со своите колеги од Унијата во Вилнус.

Тој истакна дека и покрај тоа што неговите колеги „ја осудиле употребата на хемиско оружје во Сирија и веруваат дека тие што го направиле тоа мораат да одговараат“, постојат „различни мислења“ за одговорот на овие напади.

– Сепак никој не рече дека ќе ја осуди воената акција доколку таа биде спроведена, додаде Олекас.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија