ЕУ го вклучи и Дмитриј Песков во санкциите против Русија

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков е еден од 26-те истакнати личности на кои Европската унија им воведе санкции поради руската инвазија врз Украина, се наведува во одлуката објавена во службениот весник на Унијата.

На списокот се наоѓаат олигарси и бизнисмени кои работат во нафтениот, банкарскиот и финансискиот сектор, но и членови на руската Влада, високи воени лица и „пропагандисти кои придонеле за ширење на антиукраинската пропаганда“, се вели во соопштението на ЕУ.

Меѓу санкционираните се Игор Сечин, директор на руската државна нафтена компанија Роснефт, и извршниот директор на енергетскиот гигант Транснефт, Николај Токарев.

Олигарсите Алишер Усманов, Пјотр Авен, Александар Пономаренко и банкарот Михаил Фридман, исто така, се наоѓаат на списокот.

Санкции се воведени и против рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко, други членови на руската влада и истакнати новинари.

Санкциите вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имот или забрана за пристап до имот.

На „црната листа“ се најде и осигурителната компанија СОГАЗ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија