ЕУ ги засилува прегледите на патниците заради еболата

Од:

Министрите за здравство на државите членки на Европската унија денеска постигнаа договор веднаш да почнат со засилени прегледи на патниците на аеродромите во земјите погодени со еболата, соопшти еврокомесарот за здравство Тонио Борг.

На состанокот во Брисел министрите за здравство од земјите на ЕУ, исто така, се договориле да ги координираат мерките за контрола на аеродромите на 28-те членки на Унијата.

– Европската комисија веднаш ќе преземе контрола врз постојните излезни скрининг системи на земјите погодени со епидемијата од ебола заради проверки на нивната ефикасност и нивното обезбедување, изјави Борг по состанокот на министрите во Брисел.

Прегледите на излезните скринини на патниците од Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне ќе се спроведе во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), наведе Борг и додаде дека, доколку се евидентираат пропусти, ќе бидат преземени меѓународните мерки за засилување на контролата.

На вонредната седница министрите за здравство на ЕУ, исто така, ветија дека 28-те држави-членки подобро ќе ја координираат акцијата на влезните пунктови во европските аеродроми, бидејќи некои земји вовеле контролни прегледи на еболата на влез во земјата, додека други не.

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз