ЕУ ги продолжи санкциите против Русија за шест месеци

Од:

Шефовите на држави и влади на ЕУ се согласија да ги продолжат за шест месеци санкциите против Русија поради недоволна имплементација на договорите од Минск.

Овие санкции прв пат беа воведени во 2014-та година поради конфликтот во Украина и нелегалната анексија на Крим. Договорите од Минск имаат за цел да понудат излез од војната во Украина, но за сега ЕУ оценува дека Москва не ги почитува целосно.

Санкциите против Русија во врска со украинскиот конфликт се состојат од мерки против неколку индустрии на руската економија, како одбраната, енергијата и финансиите. Потоа, воведени се и таргетирани санкции против одредени лица и ентитети инволвирани во војната како и бизнис рестрикции за земјите членки на ЕУ во Крим и Севастопол во однос на увозот и извозот.

Поради овие санкции, Русија не е повеќе дел од Г8 самитите, а суспендирани се и редовните ЕУ-Русија средбите на врвот, а Европската Инвестициска Банка и Европската Банка за развој и реконструкција не смеат да одобруваат нови заеми за Москва.

Би можело да ве интересира

Русија ќе ги вооружи космонаутите за да ги заштити од диви животни

Русија се обидела да го регрутира Сноуден, тврди неговиот адвокат

Хан за Трочањи: Секој комесар мора да даде заклетва на европските вредности

Ана Ололовска

ЕУ му порача на Џонсон да престане да се преправа дека преговара за Брегзит

Ана Ололовска

Невладините бараат ЕУ да го регулира животниот циклус на смартфоните

Ана Ололовска

Претседателот на Европскиот комитет на регионите во посета на земјава

Ана Ололовска