ЕУ ги повика Гугл и ЈуТјуб да ја забранат руската воена пропаганда

Од:

Alphabet Inc. и YouTube треба да ги забранат корисниците кои поттикнуваат воена пропаганда како дел од мерките за запирање на дезинформациите по руската инвазија на Украина, им порача вчера на извршните директори на двете компании еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон.

Гугл на Алфабет во саботата им забранија на руската државна медиумска куќа RT и другите ТВ канали да примаат пари за реклами на нивните веб-страници, апликации и видеа на ЈуТјуб, слично на потегот на Фејсбук по инвазијата на Украина.

Во видео повик со извршниот директор на Алфабет, Сундар Пичаи, и извршната директорка на ЈуТјуб, Сузан Војчицки, еврокомесарот Бретон каж дека двете компании треба да одат понатаму.

-Слободата на изразување не ја покрива воената пропаганда. Предолго, содржините од Раша Тудеј и другите руски државни медиуми се засилуваат со алгоритми и се предлагаат како „препорачана содржина“ на луѓето кои никогаш не ја побарале, рече Бретон во изјавата.

„Воената пропаганда никогаш не треба да биде препорачана содржина. Згора на тоа, таа воопшто не треба да има место на онлајн платформите. Сметам дека технолошката индустрија ќе преземе итни и ефективни мерки за борба против дезинформациите“, додаде тој.

Во видео повикот учествуваше и потпретседателката на Европската комисија Вера Јоурова.

Гугл соопшти дека веќе презел чекори без преседан за да ги спречи дезинформациите за Украина.

-Како што им кажавме на еврокомесарите, нашите тимови продолжуваат да ја следат ситуацијата 24 часа на ден и се подготвени да преземат натамошни активности, изјави портпаролот на Гугл.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород