ЕУ чекор поблизу до забрана на ГМО

Од:

Комитетот за заштита на животната средина на Европскиот парламент изгласа денеска предлог-закон со кој на земјите-членки им се дозволува да забранат одгледување генетски модифицирани организми (ГМО) на нивна територија.

Комитетот прифати серија измени во однос на првобитниот нацрт на Европскиот совет, кој според мислењето на пратениците им давал премногу слобода на мултинационалните компании, кои произведуваат ГМО храна.

Организацијата за заштита на животната средина Гринпис ја пофали новата верзија на законот како значителен напредок.

– Предложените измени се радикални и им пружаат можност на Европејците да живеат во околина без ГМО, изјави директорот на Гринпис за земјоделска политика, Марко Фонтијеро.

Членките на ЕУ имаат различен однос кон ГМО, чија употреба биотехничките компании агресивно ја промовираат иако нивното влијание врз околината се уште не е истражено.

ГМО пченката ја сочинува една петина од посевите во Шпанија, додека Германија и Франција строго го ограничуваат производството на ГМО.

Новиот закон ќе стапи во сила, откако ќе биде изгласан на пленарна седница на ЕП.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески