ЕУ без договор за мигрантите

Од:

Министрите за внатрешни работи на Европската унија не успеаја да постигнат договор за прашањето за десетиците илјади мигранти кои секоја година се обидуваат да влезат во Европа преку Средоземното Море.

Италија побара и други држави рамномерно да преземат товар за мигрантите. Разговорите за тоа лидерите во ЕУ ќе ги продолжат на 25 и 26 јуни.

– Денеска постигнавме напредок, но далеку сме од договор. Зборовите не се доволни, изјави Димитрис Аврамопулос, комесар на ЕУ задолжен за миграции. Министрите не донесоа одлука да се спроведе предлог на ЕК за квоти за разместување 40.000 баратели на азил кои се во Европа и да се преместат 20.000 Сиријци кои живеат во кампови вон Европа.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ