ЕУ анализира отворање центри за имигранти во Африка

Од:

Италија повика синоќа европските партнери од ЕУ да формираат во Северна Африка центри за прием на имигранти откако напорите на агенцијата на ЕУ за зачувување на границите се покажаа недоволни за да се справат со бранот луѓе кои бараат азил во Европа.

Според Анџелино Алфана, министер за внатрешни работи на Италија, тие центри ќе извршуваат хуманитарни задачи, ќе дозволат Европа да извршува проверки и да ги разбие огромниот пазар на трговија со луѓе.

Повеќе од 270 илјади луѓе влегле минатата година илегално во ЕУ. Најмногу се од Либија кон Јужна Европа.

ЕУ планира да испрати свои имиграциски службеници во држави вон Европа за да проверат дали луѓето имаат потреба од итна помош и какви можности за легална емиграција може да им бидат дадени. Тоа првично ќе се испробува во Нигер во кој транзитно кон Европа минуваат млади луѓе од Сенегал, Гамбија и Мали.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ